Црвен крст на град Скопје на 26 септември во Скопје ќе организира Државен натпревар по прва помош.
Како што информираат од Црвен крст на град Скопје, Државниот натпревар по прва помош претставува највисоко натпреварувачко ниво во областа на првата помош во организација на Црвениот крст на Македонија. На натпреварот ќе учествуваат најдобрите 10 младински екипи, кои преку општинските и регионалните натпревари покажаа високо ниво на знаења, вештини и подготвеност за укажување прва помош.
-Преку реалистично прикажани повреди и итни состојби, младите ќе ја демонстрираат својата способност за брза, правилна и ефикасна реакција, со што ќе ја потврдат важноста на првата помош како хумана и животоспасувачка вештина- посочуваат од Црвен крст на Скопје..
Локација на одржување на настанот: целиот натпревар ќе се случува на Плоштадот Македонија, но и во регионот околу него, прв ринг, односно ќе бидат опфатени МНТ/Музеј на холокауст, плоштад Филип II (фонтана Лавови), кеј на реката Вардар, Жена Парк, Порта Македонија, во близина на Италијанска амбасада.
Во рамки на свеченото отворање, организаторите најавуваат дека ќе присуствува и обраќање да има градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој е покровител на целиот настан, пред повеќе од 200 учесници и гости.

