Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Лукровски на средба со здуженијата „Раст“ и „Дајте ни крилја“ за можностите за системска поддршка

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари средба со претседателот на Здружението…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари средба со претседателот на Здружението „РАСТ“, Александар Петровски, и претседателката на Здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески, на која се разговараше за секојдневните потреби на лицата со попреченост и нивните семејства.

Како што информираат од локалната самоуправа, меѓу конкретните иницијативи беа можноста за обезбедување заеднички простор за работа на три здруженија, возило за превоз на деца од дневниот центар до училиште, дом или определен пункт, како и подготовка на стратегија и план за континуирана поддршка во рамки на можностите и надлежностите на Општината.

-На средбата беше истакната и потребата од отворање дополнителен дневен центар, како и од создавање услови за самостојно живеење на лицата со попреченост. Ваквите разговори се важни затоа што зад секоја иницијатива стои конкретна потреба, семејство и секојдневен предизвик. Целта е поддршката да не биде повремена, туку континуирана, организирана и насочена кон решенија што реално можат да го олеснат животот на лицата со попреченост и нивните семејства, стои во соопштението.

Реклама