Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Трајков: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните реформи и критериуми. Во исто време, веруваме дека кредибилитетот на процесот на проширување најдобро се зајакнува кога секоја земја кандидат се оценува врз основа на сопствениот напредок и исполнувањето заеднички договорените европски стандарди. Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес. Тоа е темел за создавање европска држава и за зголемување на довербата на граѓаните во институциите, порачала, меѓу другото, заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде што, како што соопшти Министерството за европски прашања, освен за земјата, се разговараше за напредокот на полето на владеење на правото и во Албанија, Црна Гора и Србија.

– Истовремено, свесни сме дека пред нас остануваат значајна работа и сериозни предизвици. Нашиот фокус во наредниот период ќе биде јасен: подобра имплементација, посилни институции и конкретни и одржливи резултати – додала таа.

Истакнувајќи ја посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, Трајков потенцирала дека во изминатиот период се направени значајни чекори во сите области опфатени со извештајот за владеење на правото за нашата земја.

Реклама

– Нашиот пристап е јасен – реформите не ги спроведуваме само за исполнување формални критериуми, туку пред сè за нашите граѓани, со цел да обезбедиме стабилна, просперитетна и европска иднина. Во областа на правосудството продолживме со спроведување на реформите насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на судството и Обвинителството. Во оваа насока, презедовме и законодавни и институционални чекори за унапредување на правосудниот систем и негово понатамошно усогласување со европските стандарди – нагласила Трајков додавајќи дека целта е натамошно јакнење на институционалните капацитети, човечките ресурси и условите за независно и ефикасно функционирање на правосудните институции.

Говорејќи за борбата против корупцијата, таа нагласила дека се продолжило во насока на зајакнување на превентивните и институционалните механизми, со посебен фокус на транспарентноста, интегритетот и отчетноста на јавните институции и дека новата национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026 – 2030 претставува значаен чекор во оваа насока.

– Донесовме и унапредивме законски решенија со цел да се зајакне системот за превенција и борба против корупцијата и да се создадат поефикасни механизми за постапување во случаи на организиран криминал и корупција. Воедно, спроведуваме реформи во казнената политика со цел поефикасно откривање, процесирање и санкционирање на овие кривични дела, во согласност со европските стандарди – истакнала Трајков.

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков се осврнала и на пристапниот процес оценувајќи дека тој треба да продолжи да се темели на јасни, објективни и предвидливи критериуми.

– Добрососедските односи и отворениот дијалог се суштински дел од европскиот проект и ние остануваме посветени на нивното унапредување. Сметаме дека отворените прашања најдобро се решаваат преку дијалог, заемно почитување и европски дух. Веруваме дека токму таквиот пристап ја прави политиката на проширување посилна и покредибилна и испраќа јасна порака дека реформите, постигнатите резултати и исполнувањето на европските стандарди се основата на патот кон членството во Европската Унија – заклучила заменик-министерката за европски прашања Трајков на крајот од своето обраќање.