Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК), денеска, во Клубот на пратениците ја одржува 75. дијалог-сесија, посветена на темата „Придонесот на структурираниот дијалог кон евроинтегративниот процес на Македонија: Од темелите и пошироко“.
На отворањето на сесијата воведни обраќања имаат министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, министерот за правда – Јетон Шасивари, амбасадорката на Република Словачка во земјата – Ивета Хрицова, како и на извршната директорка на Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА) од Братислава – Јитка Иванчикова.
Во рамкире на воведниот дел предвидено е потпишување меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Европското движење во Македонија (ЕММК) како носител на НКЕУ-МК. Во име на НКЕУ-МК обраќање ќе има националната координаторка, универзитетска професорка на УКИМ и претседателка на ЕММК, Милева Ѓуровска.
Работната програма на 75. дијалог-сесија опфаќа три панел-дискусии.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:

