Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

За 35 години „Матица македонска“ објавена „Книгата сведок“ од Веле Смилевски

Две наградени поетски дела на Веле Смилевски се обединети во новата „Книгата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две наградени поетски дела на Веле Смилевски се обединети во новата „Книгата сведок“, објавена од „Матица македонска“ по повод 35 години од нејзиното постоење. Во нова композициска целина се „Забранета книга“, за која Смилевски ја доби наградата „Браќа Миладиновци“, и поемата „Век за самување“, наградена со „Григор Прличев“.

Како што наведува „Матица македонска“, со обединувањето на двете дела во една целина, нивните мотиви, симболи и прашања повторно стапуваат во дијалог и пред современиот читател се отвора едно пошироко поетско пространство.

-Со нивното здружување „Книгата сведок“ не е само повторна средба со две значајни остварувања од поновиот опус на Смилевски. Таа воспоставува нов поетски контекст во кој се вкрстуваат некои од средишните преокупации на неговото творештво: книгата и зборот, слободата и забраната, паметењето и заборавот, самувањето и времето, човековото присуство и потрагата по смисла. Уште самиот наслов го отвора едно од суштествените прашања на ова поетско искуство: што може да сочува книгата и кому му припаѓа правото да сведочи? Кај Веле Смилевски книгата не е само место во кое се запишува песната. Таа самата станува поетски настан: книга-ѕид, книга-сведок, книга на забраната и книга на слободата, простор на паметење, но и на молк. Може да го зачува човечкиот отпечаток, но и да го затвори; да му даде глас на човекот, но и да го соочи со неговото одземање. Токму од ваквите парадокси се создава особената интелектуална и поетска напнатост на ова творештво, велат од „Матица македонска“.

Реклама

Во „Забранета книга“ поетот ја испитува границата меѓу забраната и слободата, а самата книга ја претвора во предмет на постојано преиспитување. Парадоксот, повторувањето, играта со зборот и богатите книжевни, библиски и митски слоеви создаваат поезија во која мислата не ја задушува песната, ниту песната ја напушта мислата.

„Век за самување“ го продолжува тоа творечко истражување кон просторот на човековата осаменост и егзистенцијалното соочување. Самувањето тука не е едноставно отсуство на другиот. Тоа станува простор во кој човекот се соочува со времето, со сопственото Јас, со раѓањето и исчезнувањето, со мајката, природата, јазикот и границите на своето разбирање. Каменот, орелот, змијата, дрвото, бунарот, ангелот, мајката и отворената книга се претвораат во станици на едно долго духовно и поетско патување.

Книжевната вредност на двете дела е потврдена и со две од најзначајните признанија во македонската книжевност. За „Забранета книга“ Смилевски во 2011 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ на јубилејните 50. Струшки вечери на поезијата, а во 2012 година за „Век за самување“ ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема.

Со ова издание, „Матица македонска“ ја одбележува својата 35-годишнина не само со враќање кон едно значајно книжевно искуство, туку и со негово повторно отворање кон новото време и новите читатели. Зашто вредноста на една книга не се исцрпува во мигот кога е напишана.