Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Седница на Уставниот суд, ќе се дискутира и одлучува по десет иницијативи за оценување на уставност и законитост

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 22. седница на која, како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 22. седница на која, како што е најавено, ќе се дискутира и одлучува по десет иницијативи за оценување на уставност и законитост, ќе се одлучува по пет предлози за Нацрт-одлуки. 

Пред уставните судии е иницијативата поднесена од политичките партии “Левица” и „Демократи” со кои се оспоруваат одредби од Член 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2 и член 78-а став 4 алинеи 1 и 2 од Изборниот законик.

Подносителот на иницијативата ПП „Левица“, наведува дека оспорените одредби од Изборниот законик промовираат дискриминаторски пристап од аспект на достапноста на медиумскиот простор и распределување на јавните финансиски средства за платено политичко рекламирање. Во иницијативата се тврди дека Изборниот законик треба да обезбеди уставна рамнотежа преку еднаков третман на сите политички субјекти, преку еднаков пристап, бидејќи медиумскиот простор директно влијае на видливоста на учесниците во изборната кампања. Подносителот смета дека толкувањето на Изборниот законик предвидува сите регистрирани партии кои се јавуваат како учесници во изборниот процес, без оглед дали се парламентарни или вонпарламентарни да добијат соодветна и пропорционална државна поддршка и медиумски простор за претставување на граѓаните. Притоа, нагласува дека термините „може” и „најмногу” не смеат да се толкуваат буквално рестриктивно туку во согласност со целта на законот. Подносителот тврди дека во практиката произволно се толкува и двете најголеми партии од позиција и опозиција добиваат најмногу време, на штета на останатите помали партии. На овој начин, четирите најголеми партии-по две од власта и две од опозицијата добиваат привилигиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите парламентарни партии се потполно исклучени, се наведува во иницијативата. 

Реклама

Подносителот, ПП „Демократи“, тврди дека оспорените членови се во спротивност со член 8 став 1 алинеја 5, член 9, член 16 ставови 1-5 и член 51 од Уставот. Се наведува дека помалите политички партии се ставени во нерамноправна положба, бидејќи се обезбедува 80% од бесплатниот рекламен простор само на четири политички партии, а на останатите само 20% од вкупниот број рекламни паноа и билборди. Во иницијативата се наведува дека оспорените одредби го нарушуваат политичкиот плурализам и слободните демократски избори како темелни вредности на Уставот.

Рефератот беше разгледуван на дневен ред за XX-та седница на Судот, одржана на 16 јули 2026 година. Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство гласови. Предметот е во фаза на гласање. 

На дневен ред, на денешната седница се и иницијативи за оспорени одредби од Законот за извршување, од Законот за минерални суровини, од Законот за адвокатурата, од Законот за катастар на недвижности и од Законот за здравствената заштита.

Пред уставните судии, се и оспорената Одлука за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелацијја за корекција на границите на градежната парцела 1.28 од ДУП Крајбрежен појас – локалитет Спортски Општина Ѓорче Петров, Скопје, како и Одлука за одредување височина на нулта плоча за градби кај терени во пад во Општина Центар-Скопје.

На дневен ред се и пет предлози за одлучување со Нацрт-одлуки, меѓу кои постапката за одредби од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Македонија“ бр. 129/2023 и 53/2024), потоа Членовите 9, 10 и 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, како и постапката за Член 3 став 22 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година („Службен весник на Македонија“ бр.26/2025).