Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

Министерот Ристовски во официјална посета на Азербејџан

Министерот за спорт Борко Ристовски од денеска до 27 септември ќе престојува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски од денеска до 27 септември ќе престојува во официјална посета на Азербејџан, соопшти Министерството за спорт.

За време на посетата Ристовски ќе оствари билатерална средба со министерот за млади и спорт на Азербејџан, Фарид Гајибов.

Централен настан на посетата, се вели во најавата, ќе биде потпишувањето меморандум за разбирање меѓу двете министерства, со кој се отвора нова рамка за соработка во спортот, размена на експертиза и спортски кадри, спортска медицина, организација на спортски настани, спортски туризам и соработка меѓу националните спортски организации.