Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Прес-конференција за првото издание на фестивалот за екокултура и креативен активизам „ФЛУДО“

Здружението „Еко-свест“ денеска во Скопје ќе одржи прес-конференција по повод почетокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението „Еко-свест“ денеска во Скопје ќе одржи прес-конференција по повод почетокот на првото издание на фестивалот „ФЛУДО“, нова платформа посветена на спојување на уметноста, креативноста и еколошкиот активизам. Како што соопштуваат од Здружението, прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на „Еко-свест“, каде програмскиот координатор Ѓорѓи Митревски ќе говори за концепцијата и содржините на фестивалот.

– „ФЛУДО“ не е само уште еден културен настан, туку простор за едукативна  трансформација и социјална промена. Нашата цел не е создавање пасивна публика,  туку оспособување на младите да станат гласноговорници кои преку уметноста и креативните медиуми ќе ги артикулираат своите видувања за заштита на животната средина и ќе го водат дијалогот за иднината – стои во соопштението.

Програмата на првото фестивалско издание предвидува интерактивни работилници за стоп-анимација, театар на сенки, сито-печат, цијанотипија и креативно рециклирање. Во уметничкиот сегмент се најавени мултимедијална изложба, проекции на документарни филмови и музички настапи, како и еко-трампа и јавна дискусија посветена на редефинирање на јавниот еколошки наратив.

Реклама

Повеќе поединости за учесниците и за распоредот на активностите организаторите ќе соопштат на утрешната прес-конференција.