Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Настан за работни места по мерка на семејствата и промоција на практикум во Стопанската комора

Здружението „Конект“ во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението „Конект“ во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) денеска во Стопанската комора на Македонија ќе го одржи настанот „Работни места по мерка на семејствата: размена на најдобрите приоди од компаниите шампионки“.

Како што се наведува во соопштението на Здружението, во рамки на програмата, компании од земјава и од Косово ќе ги споделат своите успешни практики за спроведување родово одговорни семејни политики на работните места.

Во воведниот дел поздравни обраќања ќе имаат вршителката на должност шефица на канцеларијата на УНФПА, Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, и извршната директорка на здружението „Конект“, Никица Кусиникова. Настанот ќе го модерира Ирина Хаџи Митова, проектна раководителка во „Конект“.

Реклама

Во продолжение ќе се одржи панел-дискусија насловена „Мерки што даваат резултати: Разговор со водечки компании од Македонија и Косово“, во чии рамки ќе биде промовирана и публикацијата „Работни места по мерка на семејствата: Практикум на мерки што функционираат“.

На панелот ќе дебатираат извршната директорка и сопственичка на „Комфи ангел“ (Comfy Angel), Ирена Јакимовска; помошник-директорката на Секторот за човечки ресурси при „НЛБ Банка АД Скопје“, Елизабета Саздовска; асистентката во „Фармахем“, Александра Петровска-Горин; експертката за човечки ресурси и авторка на практикумот, Ивана Дојчиновска-Стојановиќ; како и раководителката на Секторот за човечки ресурси во „ФИНКА Косово“ (FINCA Kosovo), Хана Салиху.

Како што посочуваат од „Конект“, во време кога стопанството се соочува со предизвици за привлекување и задржување на кадар, родово одговорните семејни политики се ефикасна алатка за јакнење на продуктивноста, задоволството на вработените и конкурентноста на работодавачите. Промовираниот практикум претставува практичен ресурс што ги сублимира искуствата, добрите практики, научените лекции и препораките од компаниите кои веќе ги применуваат овие модели.

Настанот се организира во рамки на проектот „Проширување на изборот преку политики за усогласување на семејните и работните обврски“, спроведуван од „Конект“ и УНФПА, а финансиски поддржан од Австриската агенција за развој.