Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Петрушевски: Средбите во Вашингтон се потврда за зацврстување на партнерството со САД

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на едно од гостувањата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на едно од гостувањата на национална телевизија, истакна дека американската турнеја на македонската делегација сè уште трае, а конкретните резултати од посетата допрва ќе се сумираат и анализираат и посочи дека средбите во САД се значајни за продолжување и зацврстување на стратешкото партнерство, но и за претставување на македонските меѓународни позиции, барање поддршка и привлекување нови инвестиции во домашната економија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Американската турнеја сеуште трае, така што ќе мора да ги сублимираме тие впечатоци, средби, да се изанализираат и да видиме што во конкретна смисла тоа ќе донесе, во онаа политичка смисла апсолутно посетата на нашиот стратешки партнер секогаш е битна од аспект да се продолжи стратешкиот дијалог и да се зацврсти партнерството, да се образложат нашите кредибилни меѓународни позиции, да се побара поддршка и да ја стави Македонија онаму каде што треба да биде, и нормално да побараме инвестиции во домашната економија и се она коешто ќе значи подобар живот на граѓаните“, рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека средбите на македонската делегација во Вашингтон се потврда за интензивирање на стратешкиот дијалог со САД и ги посочи средбите со американските конгресмени, заменикот државен секретар Кристофер Ландау и државниот секретар Марко Рубио, како и фактот дека Македонија е првата европска земја што започнала стратешки дијалог со САД.

Реклама

„Факт е дека имаше средба премиерот со двајца конгресмени во оваа турнеја, имаше официјална средба со заменикот државен секретар Кристофер Ландау, сите ја видоа беше објавена, не знам дали ги задоволува естетските критериуми на Жерновски меѓутоа беше објавена таа официјална средба, имаше средба со државниот секретар Рубио на којашто напротив и од фотографиите се гледа срдечноста, сосем различна слика од она коешто генерално СДС се обиде да го направи меѓутоа тоа е очекувано од нивна страна“ посочи Петрушевски и додаде:

„Она коешто е битно е дека ние сме во периметарот на оваа администрација за разлика од она коешто го слушавме претходно од СДС особено во делот на односот којшто го имаа кон оваа администрација и пред се кон претседателот Трамп пред да биде избран за втор мандат какви се изјави имаа, за да сега одеднаш бидат толку загрижени за односот, второ Македонија е прва од Европа која започна стратешки дијалог со САД и тоа е уште еден доказ за тоа колку оваа администрација на Трамп ја смета Македонија во периметарот или не“.