Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Пехчево одбележан Денот без автомобили

Општина Пехчево денеска со повеќе активности го одбележа Денот без автомобили, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пехчево денеска со повеќе активности го одбележа Денот без автомобили, во рамки на Европската недела на спортот, која од 22 до 30 септември се реализира под мотото „#BeActive“, како дел од националната иницијатива MOVE MK, координирана од Министерството за спорт.

Во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, учениците учествуваа во велосипедско возење и активности на велосипедски полигон во училишниот двор, боење цртежи со велосипеди и изработка на цртежи на тема „Денес учиме да бидеме безбедни во сообраќајот“.

Во рамки на активностите, претставници од Полициската станица од општа надлежност – Берово одржаа предавање за безбедноста на пешаците и правилното однесување во сообраќајот.

Реклама

Во одбележувањето се вклучија и Здравствениот дом „Иван Ѓеорѓиев“ – Пехчево и Полициската станица од општа надлежност – Берово, со што беше ставен акцент на заедничкото делување на институциите во поттикнувањето на здрави животни навики и создавањето побезбедна локална заедница.

Со велосипедско возење и пешачење, учесниците испратија порака за значењето на секојдневната физичка активност, но и за можностите за користење поодржливи начини на движење.

Од Општина Пехчево посочуваат дека Денот без автомобили е можност за подигнување на свеста за влијанието на секојдневните навики врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Активностите во Пехчево продолжуваат во рамки на Европската недела на спортот, со која се промовира физичката активност и активниот начин на живот во училиштата, спортските клубови, работните места и јавните простори.