Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во штипското училиште „Димитар Влахов“ не се внесуваат мобилни телефони и нездрава храна

Во Општинското основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“-Штип веќе една недела учениците не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општинското основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“-Штип веќе една недела учениците не користат мобилни телефони, во училиштето не внесуваат чипсови, смоки и обоени сокови. Директорот на ООУ „Димитар Влахов“-Штип, Дејан Здравков вели дека одлуката е донесена заедно со родителите уште пред неколку месеци, и тоа пред крајот на претходната учебна година. 

Одлуката е донесена на Наставничкиот совет, Училишниот одбор и Советот на родители, со цел поголемо внимание на наставата и создавање поздрави навики кај учениците. Здравков посочува дека исклучок од забраната за телефони имаат само  мал број на ученици кои, во договор со родителите, имаат потреба од телефон за да си одат до дома. Во таквите случаи телефоните мора да бидат без интернет поддршка, исклучени и предадени кај класниот раководител веднаш по доаѓањето во училиштето, а може да се подигне по завршувањето на наставата. 

Здравков вели дека  училиштето воведе и мерки за поздрава исхрана, односно трипати неделно за учениците е обезбедено свежо овошје, а во соработка со пекари е креирано соодветно мени со јогурти, пецива и други оброци. Во училиштето од пијалаци се дозволени вода, млеко и домашни сокови, додека нездравите грицки и обоените сокови се целосно забранети.

Реклама

-Целта е поздрава комуникација без електрични уреди, за да се исфрли зависноста од нив и да се поттикне вистинско дружење и физичка комуникација. Со новите правила, истовремено се стремиме и кон поздрава исхрана кај учениците-вели Здравков.

Тој додава дека мерките кои се воведени се во договорот со родителите, а по една недела даваат и ефект. Во ООУ „Димитар Влахов“ од прво до деветто одделение учат 930 ученици.