Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба Гаши – Хилал: Зајакнување на соработката за родова еднаквост и унапредување на учеството на младите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Зеина Хилал, програмска директорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Зеина Хилал, програмска директорка за родови и младински програми при Интерпарламентарната унија (ИПУ) во пресрет на утрешниот настан „Унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Северна Македонија“.

На средбата, информираат од собраниската прес-служба, разговараа за актуелните прашања и предизвици поврзани со унапредувањето на родовата еднаквост, зајакнувањето на учеството на младите во јавниот и политичкиот живот, како и за создавањето услови за нивно активно и рамноправно вклучување во процесите на носење одлуки.

Посебно внимание беше посветено на предизвиците со кои се соочуваат жените и младите во дигиталниот простор, вклучително и дигиталното насилство и различните форми на дискриминација. Во тој контекст, беше истакната потребата од континуирано унапредување на институционалните механизми за превенција и заштита, како и од подигнување на свеста за препознавање и спречување на сите форми на насилство и нееднаквост.

Реклама

Во текот на средбата се разговараше и за влијанието на родовите стереотипи врз можностите за рамноправно учество на жените во јавниот живот, како и за значењето на создавањето средина во која жените и младите ќе имаат еднакви можности да придонесуваат во демократските процеси и во креирањето на политиките.

Соговорниците се со согласија дека Собранието, во соработка со Интерпарламентарната унија, ќе работот на зајакнување на институционалната соработка и размена на искуства и добри практики. Заедничката посветеност на овие прашања е од особено значење за градење општество во кое еднаквоста, инклузивноста и почитувањето на човековите права ќе бидат темелни вредности.

Продолжувањето на соработката со ИПУ претставува важен придонес кон создавањето побезбеден, порамноправен и поинклузивен простор за жените и младите, со цел тие активно да учествуваат во јавниот живот и да имаат можност да го дадат својот целосен придонес во развојот на демократското општество.