Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Шасивари: Јавните политики мора да се темелат на знаење и факти

Партиските истражувачко-аналитички центри (ПИАЦ) имаат важна улога во унапредувањето на квалитетот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партиските истражувачко-аналитички центри (ПИАЦ) имаат важна улога во унапредувањето на квалитетот на политиките, јавната дебата и демократските процеси, а со користењето јавни средства за нивно финансирање доаѓа и јавна одговорност, особено во однос на квалитетот на истражувањата, анализите и препораките што произлегуваат од нив, истакнал министерот за правда Јетон Шасивари, во рамки на своето учество на тркалезната маса „Унапредување на истражувачко-аналитичката функција во политичките партии – правни и компаративни искуства“.

-ПИАЦ треба да бидат места каде што политиката се соочува со фактите, а податоците и анализите се користат за одлуките да бидат подобри, порача Шасивари, информираат од Министерството за правда. 

Шасивари, се вели во соопштението, нагласил дека со користењето јавни средства за финансирање на ПИАЦ доаѓа и јавна одговорност, особено во однос на квалитетот на истражувањата, анализите и препораките што произлегуваат од нив.

Реклама

-Јавните средства мора да произведуваат јавна вредност. Тие средства се наменети за истражување, анализа, развој на политики и градење стручни капацитети. Затоа е потребно да имаме не само правила за тоа како се трошат средствата, туку и култура на одговорност за тоа што произведуваат тие средства. Кои истражувања се направени? Кои анализи се подготвени? Кои политики се евалуирани? Кои препораки произлегле од нив? Како се користеле податоците?  Каков придонес имале овие центри во развојот на политиките? Тоа се прашањата кои треба да ги поставуваме.Не за да ја ограничиме политичката работа, туку за да ја направиме посериозна, поквалитетна и поодговорна – нагласи Шасивари.

Министерот ја истакнал и важноста на меѓупартиската соработка во областа на истражувањето и знаењето.

– Можеме да не се согласуваме околу решенијата, но можеме да се согласиме дека решенијата треба да се темелат на точни податоци и сериозна анализа – истакна Шасивари.

Како Министерство за правда, се вели во соопштението, наша одговорност е да обезбедиме јасна и функционална правна рамка.