Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Пристигна нова група американски волонтери во земјата

Новатa група Американци што ќе служат како волонтери во Мировниот корпус пристигнале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новатa група Американци што ќе служат како волонтери во Мировниот корпус пристигнале вчера во земјата. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство преку волонтирање во разни институции, училишта и организации во земјата.

Како што соопштија од Мировниот корпус, волонтерите на аеродромот биле пречекани од страна на директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Дејвид Рисајд, како и од дел од вработените. 

– Денес одбележуваме значаен јубилеј – славиме 30 години постоење и работа во Северна Македонија и го поздравуваме пристигнувањето на 42 Американци од 29-тата група волонтери на Мировниот корпус, кои ќе служат во земјата. Овие 42 Американци ќе бидат распоредени да живеат и работат во заедници во целата земја. Благодарни сме на соработката што во изминатите 30 години ја добивме од Владата на Северна Македонија и од нашите партнери, со што поддржавме повеќе од 980 наши волонтери да служат овде од 1996 година наваму – посочил Рисајд.

Реклама

За време на двегодишниот престој во Македонија волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во полето на инклузивното образование и на развој на заедницата – во невладините организации и во општините. Мировниот корпус има одлична соработка со своите локални и национални партнери и ги спроведува своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за локална самоуправа.

Ова е 29-та група волонтери што ќе живеат и работат во градови и села во Македонија. Во текот на првите три месеци волонтерите ќе ги учат 
локалните јазици и ќе се запознаваат со локалната култура. Тие ќе почнат со официјална служба во декември 2026 година и официјално ќе станат дел од групата од речиси илјада американски државјани што служеле во Македонија од 1996 година.