Реклама

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Македонија

Почивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на Радовиш

Денес презентирам отчет за реализираните активности, проектите, преземените мерки и иницијативите што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес презентирам отчет за реализираните активности, проектите, преземените мерки и иницијативите што беа спроведени во изминатиот период, како и за дел од проектите кои се во тек на реализација. Работата на локалната самоуправа ја насочувме кон подобрување на условите за живеење, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги, поддршка на младите, образованието, културата, спортот, животната средина и создавање услови за локален економски развој. Посебно внимание посветивме на воспоставување соработка со граѓаните, институциите, јавните претпријатија, невладиниот сектор, спортските клубови, културните организации и меѓународните партнери, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на градоначалникот на општина Радовиш, Љупче Почивалец, што МИА го пренесува интегрално.

Во областа на инфраструктурата беа реализирани и започнати повеќе значајни активности: Во тек е реализација на договор за уредување на јавни површини поставување на бекатон во градот Радовиш и населените места; заврши реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“, се реализираа активности поврзани со регулацијата на Ораовичка Река, во село Воиславци се реализираше регулацијата на поројот и изградбата на улица по трасата на поројот, при што проектот влезе во завршна фаза, продолжи изградбата на обиколницата „Малешевски пат“ кај село Подареш, изградбата на Градскиот пазар влезе во завршна фаза, реконструкцијата на објектот на Стоковната куќа во мултифункционален простор влезе во завршна фаза.

Реконструкцијата на Домот на културата „Ацо Караманов е исто така во завршна фаза, реконструкција на градски стадион. Обезбедени се средства за решавање на имотно-правните работи за ГП на градски базент. Во тек е промена на проект за фекална канализација Карши Маале, изработка на основни проекти за изградба на кружна крстоскица на бул. А.Македонски, како и изработен проект за батерии за складирање на електрична енергија. Набавка на урбана опрема за изградба на нови дески игралишта и реконструкција на сите постојни во соработка со рудник за бакар „Бучим“, во тек е воведување на ГИС систем за општината.

Реклама

Поддршката на младите и образованието беше една од приоритетните области.

Во овој сегмент: беа доделени субвенции за добивање возачка дозвола, при што 91 млад човек го оствари правото на субвенција во износ од 12.000 денари, беа доделени 25 субвенции за купување велосипеди, на учениците од прво одделение им беа обезбедени ученички униформи, на матурантите и полуматурантите им беа покриени трошоците за матурската прослава, беа наградени и одликувани образовните работници по повод Денот на просветните работници.

Посебно значајна беше мерката за ослободување на младите до 35 години од плаќање комуналии при изградба на нов дом. Интересот за оваа мерка покажа дека постои реална потреба од создавање услови младите луѓе да останат, да градат домови и да го планираат својот живот во Општина Радовиш.

Во областа на културата беа реализирани и поддржани бројни манифестации, настани и активности. Општината даде поддршка на културните организации, невладиниот сектор, фолклорните друштва и здруженијата кои придонесуваат за културниот живот. Беа одржани сите традиционални фолклорни фестивали, повторно го обновивме Детскиот карневал и одржавме нова манифестација „Радовишки вински двор“.

Во областа на спортот беа реализирани и поддржани повеќе активности. Покрај традиционалните турнири и спортски настани, градот беше домаќин на педесетото јубилејно издание на „Македонски Бисер“.

Еден од најзначајните предизвици во областа на животната средина беше проблемот со градската депонија. Поради повеќекратното палење на депонијата, беше создадена сериозна опасност по квалитетот на воздухот и здравјето на граѓаните. Општината презеде активности за справување со состојбата. За ЈП „Плаваја“ обезбедени се три специјални возила за собирање на отпад. Општината учествуваше и во активности поврзани со регионалното управување со отпадот.

Во областа на локалниот економски развој беа преземени активности за создавање услови за нови инвестиции и отворање на нови можности за стопанството. Во тек е постапка поврзана со пренамена на ТИРЗ зоната во индустриска зона со цел нивно ставање во функција.

Во областа на безбедноста и заштитата на граѓаните беа преземени активности за подобрување на условите за работа на Територијалната противпожарна единица Радовиш. За ТППЕ Радовиш беше обезбедена нова опрема. Професионални дрегери, теренско возило Фолксваген. Противпожарно возило комплет опремено со опрема за гасење пожари, справување со поплави и сообраќајни несреќи. РТЦ машинка за сообраќајни несреќи.

Нашата обврска не е само да создадеме подобар Радовиш денес.

Наша обврска е да создадеме Радовиш кој ќе биде подобро место за живеење и за идните генерации. Луѓето се важни. Тие се душата на еден град и на една општина. Можеме да изградиме најубава улица, најмодерен објект и најубав парк. Но ако човекот не се чувствува вреднуван, слушнат и поддржан – тогаш сме ја промашиле суштината и тоа е вистината.

Затоа нашата цел е Општината да биде поблиску до граѓаните. Отворена за соработка. Отворена за идеи. Отворена за проблемите на секој наш жител. Токму во таа насока сум особено задоволен од огромниот интерес за субвенцијата за млади до 35 години, со која ги ослободуваме од плаќање на комуналии при изградба на нов дом.

Затоа што сакаме младите да останат тука.

Да градат тука.

Да создаваат семејство тука.

Да ја градат својата иднина во Радовиш.