Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Божиновска со младите добитници на „Инженерски прстен“: Вашите идеи се потенцијал за развојот на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и годинава се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери – добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, разговарајќи со нив за нивните идеи, интереси, проекти и визијата за професионалната иднина.

Младите инженери пред министерката ги претставија областите во кои се развиваат, проектите во кои се вклучени, темите што ги мотивираат, но и своите очекувања за професионалниот развој и можностите преку кои своето знаење и експертиза можат да ги стават во функција на развојот на земјата.

Божиновска ги охрабри да не застануваат тука – да продолжат да учат, да создаваат, да иновираат и храбро да ги претвораат своите идеи во решенија што ќе придонесат за развојот на државата.

Реклама

-Секоја држава има потреба од знаење, но уште повеќе има потреба од млади луѓе кои знаењето знаат да го претворат во идеи, а идеите во конкретни решенија. Вашиот успех не е само личен успех – тој е и потенцијал за напредок на Македонија. Затоа, никогаш не престанувајте да прашувате, да истражувате и да создавате. Вратите на Министерството се отворени за младите, за нивните идеи, иницијативи и проекти, порача министерката Божиновска.

На средбата се разговараше и за можностите за поголемо поврзување на младите инженери со институциите, за нивното учество во идни проекти и за создавање услови нивното знаење и иновативност да бидат дел од развојните процеси во земјата.

Министерката посочи дека токму ваквите средби се можност институциите директно да слушнат што размислуваат младите, со какви предизвици се соочуваат и какви можности очекуваат.

-Ни требаат млади инженери кои ќе останат храбри во своите идеи и упорни во нивната реализација. Државата мора да создава простор за нивниот развој, а институциите да бидат нивен партнер. Сакам младите да знаат дека имаат место, можност и соговорник во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, потенцира Божиновска.

Како симболичен поттик за нивните досегашни достигнувања и идните професионални успеси, Божиновска на младите инженери им додели посебни признанија за инженерски потенцијал и развој, со порака да продолжат по патот на знаењето, иновациите и професионалниот успех.

Признанијата „Инженерски прстен“ годинава се доделуваат по 23. пат, а досега со ова престижно признание се закитиле вкупно 257 инженери.

Годинашни добитници се Марта Митева, Арбана Касами, Антонио Томески, Јане Коцески, Мила Саздова, Огнен Пендаровски, Марија Симоновска, Никола Петровски, Михаил Трајков, Мила Чолакоска, Стефана Димитриеска, Симеон Наловски, Стефан Спасов и Тамара Атанасова, од Архитектонскиот, Факултетот за применети науки при Универзитетот во Тетово, Градежниот, Машинскиот, Технолошко-металуршкиот, ФЕИТ, Факултетот за земјоделски науки и храна, ФИНКИ, ПМФ, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Техничкиот факултет при УКЛО, Факултетот за информатички и компјутерски технологии при УКЛО и Факултетот за природни и технички науки и Факултетот за информатика при УГД.