Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Прилози

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Македонија не само фигуративно, туку и буквално можеше да изгори во времето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не само фигуративно, туку и буквално можеше да изгори во времето на СДСМ и ДУИ. Во 2024 година пеплосани беа 98 илјади хектари површина и е направена штета од 83 милиони евра, што е рекорд во последните 10 години. И покрај укажувањата од Европската Унија за слабостите во системот, сепак од минатата власт не било преземено ништо, или било направено многу малку, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија.

Слабостите во системот биле нотирани уште во 2018 година, при скринингот спроведен од Европската Унија преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Сепак, и покрај повеќе преземени иницијативи, ревизијата покажала дека реформите не се спроведени во целост“, велат од Државниот завод за ревизија.

Се трошело за сè и сешто, но не за она што е најпотребно. Не се водело сметка ниту за бројката на пожарникари во Град Скопје, за да може градот да одговори на потребите. Најголем дел од парите, дури 99% во периодот од 2022 до 2024 година, се трошеле за плати, а само 1,5 проценти за инвестиции и нова опрема.

Реклама

Во периодот од 2022 до 2024 година за противпожарна заштита биле обезбедени вкупно 2,233 милијарди денари. Од нив, 1,409 милијарди денари биле наменски дотации од државниот буџет, 782,8 милиони денари од буџетите на единиците на локалната самоуправа, а 11,1 милион денари од донации“, велат од Државниот завод за ревизија.

Слабости биле нотирани и кај Дирекцијата за заштита и спасување, особено во недостигот на инспекциски надзор. Според ДЗС, само 14 до 17 инспектори годишно прават околу 1.300 надзори, а за да се задоволат потребите потребни им се 322.

Сепак, од извештајот има и позитивни примери. Во 2026 година наменските дотации за територијалните противпожарни единици се зголемени на една милијарда денари. Тоа е за 90,3 проценти повеќе од 2025 година, кога биле обезбедени 525,5 милиони денари.

Како позитивен пример ревизијата ја издвојува и Општина Охрид, заедно со Планинската спасителна служба на Црвениот крст. Таму, според ревизорите, има добра координација, обучени спасувачи и обезбедени ресурси.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, укажувал на слабостите и пропустите од минатите години и додаде дека голем дел од работите се значително подобрени со новите законски измени. Во делот на ресурсите, состојбата е значително подобрена. По повеќе години, навреме беа ставени во функција трите „ер-трактори“, а се зголемува и бројот на противпожарни возила. И покрај постоечките слабости, Македонија летово најуспешно се справи со пожарите на отворен простор.

Но, проблемите не се решени целосно. Државата сè уште нема нова Национална стратегија за заштита и спасување. Последната важела до 2018 година, а новата стратегија за периодот од 2026 до 2030 година сè уште не е усвоена. Не е ажуриран ниту Планот за заштита и спасување, а проценката на ризиците од природни непогоди е стара речиси две децении. Ревизорите предупредуваат дека системот мора да се модернизира, да има повеќе опрема, повеќе кадар и подобра координација, за државата да биде подготвена навреме да реагира за време на катастрофа.