Без струја утрово ќе останат неколку улици од Бутел, Гази Баба и Кисела Вода.
-Во периодот од 07.55 до 09.55 часот, без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улиците Ѓорѓи Стојчевски и Лазо Москов. (општина Бутел), во периодот од 08.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите од ул. Вила Анастасија и тоа бензинска пумпа Лукоил -Камник, МЗТ- Агрома, Агросервис, Камник винарија, ресторан Ла тана, технички преглед Цертус, куќи на ул. Вила Анастасија.(општина Гази Баба) – соопшти РЦУК по добиено известување на ЕВН.
Исто така. во периодот од 08.00 до 14.00 часот, струја нема да има дел од бул. „Борис Трајковски“ кај ресторан „Градина“ и „Кристина Дамил“ во Општина Кисела Вода.

