Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Кочани  велосипедска тура „По патеката на оризот“ по повод Денот без автомобили

Под мотото на Европската недела на мобилност „Ајде заедно да го трансформираме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото на Европската недела на мобилност „Ајде заедно да го трансформираме секое патување и да обезбедиме мобилност за сите!“, а согласно Програма за сообраќај, Општина Кочани денеска ќе го обележи Денот без автомобили.

Во соработка со МВР ОВР ПС Кочани, ОСБСП Кочани, со основните и средните општински училишта, граѓански организации, групи и поединци, од 11 до 13 часот ќе се изведе велосипедската тура „По патеката на оризот“.

Поаѓањето е во 11 часот пред општинската зграда, а велосипедистите ќе се движат по улиците „Маршал Тито“, „Никола Карев“, преку Грдовци до Мојанци, со кратка пауза во кругот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Мојанци. Оттаму ќе продолжат преку Подлог, кон девијацијата кај Антура, кружните текови кај „Кочанско Поле“ и кај Крстот, потоа по улиците „Димитар Влахов“, „Глигор Апостолов-Гочо“, „Никола Карев“,  по кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, по улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуција“ до Општина Кочани, каде што ќе заврши велосипедската тура.

Реклама

Општина Кочани по дванаесетти пат се вклучува во обележувањето на Европската недела на мобилност, како водечка кампања на Европската комисија за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност.