Општина Центар денеска и утре спроведува нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината. Со акцијата се опфатени Буњаковец, Капиштец, Градски ѕид , на локации каде што е забележана зголемена појава на глодари и има пријави од граѓаните.
-Ова е втора вонредна дератизација во последниве два месеца. Претходно имавме редовна пролетна дератизација, а пред нас е и есенската. Но, само со дератизација не се решава проблемот. Затоа апелирам до Град Скопје и надлежните градски јавни претпријатија за редовно празнење и одржување на контејнерите, како и за одржување на канализационата инфраструктура. Ваквите инвестации се решаваат со системски пристап, каде треба да бидат вклучени сите надлежни институции, бидејќи проблемот не е само во една општина, туку пошироко. Како Општина, ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме- истакна радоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимов.
Од Општина Центар велат дека ќе продолжат да ја следат состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.

