Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ала Кеир од Судан на ИФФК „Браќа Манаки“: Снимаме филмови за да се слушнат гласовите од Африка

Филмските фестивали почнуваат да покажуваат интерес за нашите филмови и важно е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филмските фестивали почнуваат да покажуваат интерес за нашите филмови и важно е да се слушнат гласовите од Африка истакна Але Кеир, кинематографер и фотограф од Судан, учесник на ИФФК „Браќа Манаки“.

Неговиот филм „Ништо не се случува откако ќе заминеш“, ја отвори документарната натпреварувачка програма на фестивалот, кој според Кеир е одлична можност за лична и промоција на државата од каде доаѓа.

-Во изминативе години Судан е обележан од политички конфликти и превирања и различните форми на уметност не се многу развиени, но остануваат начин на слободно изразување. Најголем дел од кинематограферите во Судан се самоуки и се обидуваме да направиме промена. За мене фотографијата стана начин на кој можев да го коментирам светот и настаните околу себе. Ова ми е петти филм и се однесува на конкретно време и простор. Во Судан нема повеќе јавни кино сали, проекции има само во мали собички во мали градови или села и се прикажуваат индиски и акциони филмови. Уметностите во Африка тешко опстануваат, но факт е дека во изминатите 15 години се појавија филмаџии во подем, така што сега веќе има продукција која може да се претстави во Европа и во САД. Филмските фестивали почнуваат да покажуваат интерес за нашите филмови и важно е да се слушнат гласовите од Африка, истакна Кеир.

Реклама

На прес конференција во Битола говореа и кинематограферот кинематографер Жонгџијанг Лијанг и Џинг Зоу од филмот „Непозната девојка“.

-Станува збор за вистинска приказна, но во неа има нешто универзално бидејќи вакви ситуации се случуваат насекаде. Во изминатите 30 години Кина многу се промени така што се надеваме дека не постои повеќе ваква пракса да се напуштаа девојчињата од нивните родители само затоа што се девојчиња. Филмот ќе има премиера кон крајот на овој месец во Кина, а мене ми е големо задоволство што пубиката во Битола ќе го погледне и ќе понесе нешто од него со себе, нагласи Лијанг.

ИФФК „Браќа Манаки“ попладнево продолжува со филмски проекции од повеќе програмски селекции на фестивалот.