Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

По притисокот од јавноста, Герасимовски конечно попладнево ја спроведе ветената вонредна дератизација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По притисокот од јавноста, Герасимовски конечно попладнево ја спроведе ветената вонредна дератизација во општината. По неколкудневните бурни реакции од граѓаните за зголемена појава на стаорци и глувци во Центар, денеска и утре општината ќе прска на критичните локации. Опфатени се делови од Буњаковец, Капиштец и Градски ѕид, каде има пријави за зголемена појава на глодари. Герасимовски најави дека, покрај ваквата акција, потребно е и редовно празнење и одржување на контејнерите и канализацијата.

„Денеска и утре спроведуваме нова вонредна дератизација на критични локации во Буњаковец, Капиштец и Градски ѕид, каде што има пријави за зголемена појава на глодари. Но, само дератизацијата не е доволна. Потребно е и редовно празнење и одржување на контејнерите и канализацијата“, објави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Граѓаните, пак, претходно реагираа дека глувци и стаорци има на повеќе места, а особено ги посочуваа критичните точки во близина на училиштето „Песталоци“ и паркингот кај Буњаковец.

Реклама

Анкета:

Па, треба и дератизација и дезинсекција, затоа што има и тоа и тоа. Сигурно треба и да се чисти и да се дератизира и да се прска.

Почесто, затоа што постојано има ѓубре надвор, никој не се грижи за ѓубрето, а тие бараат храна во ѓубрето.

Обавезно, поготово помеѓу школи, градинки, тоа е ненормална работа. Како дозволуваат такви ѓубришта да се собираат…

Дел од нив сметаат дека појавата на глодари е поврзана и со старите и напуштени куќи во овој дел од Центар, особено оние во близина на училиштето. Велат дека стаорци и глувци забележуваат и во подрумите и околу објектите, а посочуваат и места каде со години нема соодветно одржување.

Глувци, стаорци, причина можеби се старите куќи, многу се одамна.

Да, тука кај ова што е за дрво нешто, што работи една шупа, тука сум видела.

Треба, како не треба, врие тоа, многу има. По подрумите најмногу ги има и тоа умрени, пцовисани.

Проблем со глувци и стаорци нема само во Центарот на градот, туку и во Аеродром и во близина на Железничката станица.

На социјалните мрежи врие – се коментира дека проблемот не може да се решава само кога стаорците ќе излезат на улица. Дел од нив реагираат дека е срамно во 21 век луѓето да се плашат да одат пеш по улиците, а дел предупредуваат дека глодарите не се само непријатна глетка, туку можат да бидат и здравствен ризик.

„Тоа што има наезда на стаорци во Центар, Буњаковец, кај Железничка станица не е ништо ново, туку е проблем игнориран со години…“

„Срамно во 21 век да имаме наезда на стаорци, просто ми е страв пешки да одам.“

„Глодарите носат болести кои може да прераснат во епидемии.“

Ова не е првпат да се алармира за појава на глодари низ скопските општини. Лани десетгодишно дете беше каснато од глушец на игралиште во скопската населба Капиштец, додека си играло со други деца.