Сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, со 200 илјади евра во недвижен имот гарантира дека нема да бега. Јованов всушност го заложил цел свој имот, но имот заложил и член на семејството. Од Кривичниот суд потврдуваат дека до нив стигнала предлог гаранција од над 12 милиони денари во недвижен имот за Јованов. Предлогот сега треба да се прати на мислење во Јавното обвинителство, па потоа судот ќе донесе одлука дали се прифаќа гаранцијата. На 3 октомври по сила на законот му истекува едногодишниот притвор на Јованов, кој е првообвинет за кочанската трагедија во која загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.