Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Август 2026 екстремно топол и со 67 отсто помалку врнежи од просекот

– Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во споредба со просечните вредности за периодот 1991 – 2020 година.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, средномесечната температура се движела од 21 Целзиусов степен во Берово до 28,4 степени во Демир Капија. На ниво на целата држава просечната температура во август била 2,7 степени над просекот за триесетгодишниот период 1991 – 2020.

Највисоката максимална температура била измерена на 22 август во Гевгелија и изнесувала 41,6 степен. Најниската минимална температура била регистрирана во Берово на 16 август и изнесувала 5,7 степени.

Реклама

Во текот на месецот биле регистрирани 27 тропски дена, како и долг топлотен бран, при што просечните средномесечни температурни вредности биле надминати во целата држава.

Август бил сушен во поголемиот дел од земјата. Месечната количина врнежи се движела од 0 милиметри во Скопје – Зајчев Рид до 63 милиметри во Берово.

Во одредени денови сепак имало локални бурни атмосферски појави, со поројни врнежи, град и силен, на места и оркански ветер.

Најголемото дневно количество врнежи од 44 милиметри било измерено во Берово на 24 август.

Во споредба со августовската просечна вредност за многугодишен период (1991 – 2020), измерената месечна вредност на врнежи била под просечната, односно за 67 отсто помала од просечната на ниво на држава.