Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Експерти од Оберхаузен во посета на Гостивар, планираат унапредување на оперативната подготвеност и модернизација на противпожарната единица

Делегација од Службата за противпожарна заштита и спасување од германскиот град Оберхаузен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Службата за противпожарна заштита и спасување од германскиот град Оберхаузен беше во работна посета на општина Гостивар. Покрај колегите пожарникари, гостите имаа прием и кај градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

Гостите кои се искусни професионалци со над 30-годишно искуство во областа на противпожарната заштита – Михаел Јендријан, раководител на противпожарната единица од Оберхаузен, и неговиот заменик, Свен Цулигхофен разговараа за планираните активности.

– Главната цел на нивниот престој во Гостивар е да извршат стручна и детална процена на оперативните капацитети на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гостивар. Анализата ќе ги опфати увид во техничката опрема, организациската поставеност, работните процедури, како и дефицитарните потреби од дополнителни обуки- изјави по средбата градоначалникот Ваљбон Лимани.

Реклама

Гостите искажаа благодарност за покажаната соработка и најавија дека врз основа на германските практики и стандарди, експертите ќе изработат конкретни препораки и структурирана програма за обука. Според нив, овој процес ќе постави темели за долгорочна соработка меѓу Гостивар и Оберхаузен, со фокус на спроведување заеднички вежби, модернизација и надградба на опремата и континуирана размена на искуства.

Посетата и проектните активности на германските противпожарни експерти се реализираат со поддршка од организацијата „Engagement Global“, а финансиските средства се обезбедени од германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој.