Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Гаши: Дијалогот со пратеничките групи продолжува за деблокада на законите со Бадентер, за Изборниот законик партиите првин да се усогласат внатре

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите порача дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите порача дека остварува постојани контакти со сите пратенички групи со цел да се изнајде заеднички јазик и компромис за законите што бараат двојно, Бадентерово мнозинство, нагласувајќи дека законодавниот дом мора да ја надмине блокадата и да биде функционален во интерес на граѓаните.

Осврнувајќи се на предизвиците со обезбедувањето на потребното мнозинство за законите што се на дневен ред, Гаши посочи дека решенијата мора да се бараат исклучиво преку демократски дијалог.

– Јасно е дека во Собранието имаме проблем со гласањето на законите што треба да се изгласаат со Бадентерово мнозинство. Но, за сè во демократијата се потребни разговор и дијалог и треба да има решение. Јас лично, заедно со сите пратеници, разговарам и бараме начин како да ги надминеме овие разлики и се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение, ќе се договориме и ако треба закон, да најдеме решение по закон или концептуално. Како и да е, Собранието мора да профункционира и во овој дел во кој е заглавено и да биде ефективно и за самата работа на институцијата, но и за граѓаните – истакна Гаши.

Реклама

Појасни дека за 123. пленарна седница, закажана за 29 септември, се ставени сите десет предлог-закони поднесени во последно време по скратена постапка, меѓу кои и оние за јавната администрација и за високата служба. Доколку некој предлог не го добие потребното Бадентерово мнозинство, постапката завршува и истиот закон не може повторно да се поднесе во следните три месеци.

Во однос на преговорите за измените на Изборниот законик, Гаши информира дека на денешната редовна координација со координаторите на пратеничките групи била отворена и таа тема, при што е договорено партиите првин да ги усогласат позициите внатре во своите редови.

– Се отворија сите теми кои се поактуелни. Се отвори и темата за Изборниот законик. Од пратеничките групи известија дека не сите се состанале во партија за да изградат нови ставови. Очекуваме во текот на идната недела, а можеби и таа потоа, да се состанат и ако има нови моменти, да свикаме работна група и да продолжат со работата – посочи Гаши. 

Додаде дека нема информација дали партиите добиле покана за средба со министерот за правда. 

Во врска со 124. седница, пак, информира дека е свикана за 24 септември откога терминот бил усогласен со претседателот на Владата. – Се договоривме и се координиравме со претседателот на Владата. Немаше никаква можност друг ден да се организира и остана 24 септември. Барав од координаторите да имаат разбирање и да не поставуваат прашања усно затоа што може писмено да му ги постават на премиерот и тие ќе бидат одговорени – рече Гаши.

Прашан за законските решенија што се однесуваат на минималната плата, претседателот на законодавниот дом најави дека тие ќе се најдат пред пратениците на почетокот на идниот месец.

– Што се однесува до процедурата, веќе разговаравме на почетокот на октомври, можеби првата недела ќе биде свикана нова седница и ќе бидат ставени овие закони, вклучително и Законот за минималната плата – рече Гаши.

Неговиот личен став, вели, во врска со примањата и приходите е дека тие треба да се зголемуваат, а и минималната плата што би предизвикала зголемување и на просечната плата. 

На координацијата станало збор и за функционирањето на собраниските анкетни комисии, со акцент на барањата на семејствата на загинатите од Кочани. Гаши посочи дека официјално, преку архива или електронска пошта, сè уште нема добиено писмо од родителите, но го видел јавно и ќе изврши проверка.

– Разговаравме денеска на координација за оваа тема. Ставот е дека некои од координаторите мислат оти треба да заврши постојата анкетна комисија, па потоа да биде формирана другата комисија. Другите мислат поинаку, дека не треба да се спојуваат една со друга, туку дека треба да течат паралелно. Од координаторот на Левицата имаме најава дека на почетокот на октомври ќе се свика постојната анкетна комисија, можеби ќе се донесат заклучоци и тоа ќе ја отвори вратата за да се формира и другата анкетна комисија – рече Гаши.

Одговарајќи на новинарски прашања за реакциите во јавноста и од коалициските партнери по неговиот коментар за пресудата на лидерите на ОВК, Гаши нагласи дека настапил исклучиво од личен и приватен аспект, а не во име на Собранието.

Граѓаните и јавноста, рече, треба да прават јасна дистинкција меѓу неговиот политички и личен бекграунд и институционалната улога што ја извршува. 

Гаши на брифингот информира и за меѓународните и протоколарните активности на Собранието најавувајќи средби со делегација од Сенатот на Франција на 24 септември, состанок со Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ на 26 септември, како и одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик на 23 септември. Денеска се одржале и состаноци со научниот совет на Швајцарската програма и за акцискиот план за Отворено партнерство за младите за периодот 2027 – 2029 година.