Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Три и пол тони текстилен отпад собрани во Карпош

Инспекциските служби на Општина Карпош одржале работна средба со колективниот постапувач „Еко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекциските служби на Општина Карпош одржале работна средба со колективниот постапувач „Еко Текс – Груп“ од Скопје, со цел проверка на досегашната реализација на активностите за собирање текстилен отпад, согласно договорот склучен во мај 2025 година – соопшти Општина Карпош.

Како дел од акцијата, посочуваат од Општината, специјални контејнери за текстилен отпад се поставени во сите десет основни училишта на територијата на Општина Карпош, градинките, како и пред административната зграда на Општината.

Според досегашните податоци, преку поставените собирни места се собрани околу 3.500 килограми стара облека и текстилен отпад, што претставува значаен резултат и показател за зголемената свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот – наведуваат од Општината.

Реклама

Општина Карпош ги повикува граѓаните одговорно да го одлагаат стариот текстил исклучиво во поставените контејнери, со цел да се придонесе кон почиста животна средина и поодговорно управување со отпадот.