Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Отворен повик за стипендии за Програмата за извршно образование Зафировски за 2027 година

Македонија2025 го отвори повикот за стипендии во рамки на Програмата за извршно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија2025 го отвори повикот за стипендии во рамки на Програмата за извршно образование – Зафировски за 2027 година, наменет за искусни македонски менаџери, претприемачи и бизнис-лидери кои сакаат да ги унапредат своите лидерски и раководни способности преку образование на една од најпознатите светски школи за менаџмент.

Повикот е наменет за искусни македонски менаџери, раководители на повисоки позиции, претприемачи и сопственици на компании кои имаат значајно професионално искуство, потенцијал за понатамошен лидерски развој и амбиција да создадат пошироко влијание во своите организации и во македонската економија. Кандидатите треба да имаат најмалку 10 години релевантно професионално искуство, добро познавање на англискиот јазик, поддршка од компанијата во која работат и можност целосно да се посветат на програмата. Рокот за поднесување апликации е 20 октомври 2026 година. За 2027 година се предвидени две сесии: 2 – 21 мај 2027 година и од 10 – 29 октомври 2027 година. Двете сесии ќе се одржат со физичко присуство во кампусите на Келог во Еванстон и Чикаго, САД. 

Сите информации за условите, критериумите и начинот на пријавување се достапни на: https://macedonia2025.com/en/news/zafirovski-executive-education-program-open-call-scholarships

Реклама

Избраните кандидати ќе имаат можност да учествуваат на Програмата за развој на извршни раководители (Executive development program) на Келог школата за менаџмент при Нортвестерн универзитетот во САД која е интензивна тринеделна програма наменета за искусни менаџери и раководители кои се подготвуваат за пошироки лидерски и стратешки одговорности. Наставата опфаќа клучни области од современото деловно работење, меѓу кои стратегија, финансии, маркетинг, операции, управување со луѓе, иновации, дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција, преговарање, комуникација и водење организации низ промени и сложени деловни предизвици. Покрај учеството на програмата на Келог, избраните стипендисти ќе работат и на индивидуални и групни проекти поврзани со конкретни деловни или општествени предизвици во Македонија, со цел стекнатото знаење да добие практична примена и поширока вредност.

Од започнувањето на Програмата за извршно образование Зафировски во 2017 година, досега 51 македонски професионалец успешно ја има завршено програмата и се приклучи на заедницата на Зафировски стипендисти. Во периодот од 11 до 30 октомври 2026 година, на Келог ќе замине и нова група од седум истакнати македонски професионалци, со што програмата продолжува да ја проширува мрежата на лидери и да вложува во развојот на македонската деловна заедница.

Програмата се реализира со поддршка на Фондацијата Робин и Мајк Зафировски, во партнерство со Келог школата за менаџмент. Нејзината долгорочна цел е да придонесе кон создавање силна заедница на македонски лидери кои стекнатото меѓународно знаење, искуство и контакти ќе ги преточат во развој на своите компании, индустрии и македонската економија. Мајк Зафировски, еден од основачите на Македонија2025 и покровител на програмата, од нејзиното основање активно придонесува кон остварување на визијата за развој на 100 македонски бизнис-лидери преку врвно меѓународно образование.