Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба на Димитриевски и Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата на САД

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари средба со  вршителот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари средба со  вршителот на работи при Амбасадата на САД, Никол Варнс, претставници од Амбасадата, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката и развивање нови проекти од повеќе општествени области, информираа денеска од општина Куманово.

Од Општина Куманово информираат дека средбата се одржала во пријателска атмосфера, при што претставниците на Амбасадата се запознале со работата и функционирањето на локалната самоуправа, како и со можностите за унапредување и развивање нови проекти од повеќе области. Посебен акцент бил ставен на создавањето можности за младите и развивањето млади лидери, кои би придонеле кон идниот развој на локалната заедница.

Во рамки на средбата, присутните имале можност да проследат и видео-презентација за индустриските зони „Новини и Речица“, преку која биле претставени потенцијалите и капацитетите на Општина Куманово.