– Директорот на ООУ „Раде Кратовче“ од Кочани, Глигорчо Гацовски, денеска потпиша Меморандум за соработка со претставниците на ЦОП „Фенди вас“ од Скопје. Потпипувањето на документот е дел од активностите предвидени со проектот „Заедно за подобро образование“, поддржан од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Република Германија „Фројденберг“ и Фондацијата „Малиот Принц“.
Од училиштето информираат дека проектот започнал на 1 септември 2026 година и дека ќе трае се до 31 август 2029 година.
Целта на проектот е, вели директорот Гавровски, да се создаде „модел програма“ за поддршка на децата Роми, кои заостануваат во совладувањето на наставната програма во почетните одделенија. Ова е, нагласува тој, важно затоа што тие деца понатаму ќе можат сами да ја совладуваат наставната програма од повисоките одделенија, кога материјата е по обемна и по комплексна.
Потписниците на Меморандумот за соработка ќе работат заедно со учениците Роми од 2 до 5 одделение во кочанското основни училиште.

