Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Шасивари – Миљаниќ: Продлабочување на соработката со Црна Гора во реформите и европската интеграција

– Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Зоран Миљаниќ, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и европската интеграција.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда  било истакнато високото ниво на соработка меѓу двете земји, јакнењето на владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и унапредувањето на транспарентноста и дигитализацијата на правосудството.

-Искуството на Црна Гора покажува дека европската интеграција не е политички слоган. Таа е процес што се мери преку европски закони, функционални институции и конкретни, проверливи резултати. Особено во правосудството, европските стандарди не се само прашање на усогласување на законите. Тие се докажуваат преку независно судство, ефикасна борба против корупцијата и доследна примена на законите. Европската интеграција се гради со работа, реформи и резултати- се наведува во соопштението од Министерството за правда.