Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Доктор Офболи“ – балетска приказна за најмладата публика на 26 септември на сцената на Националната опера и балет

– На 26 септември, со почеток во 19.00 часот, на сцената на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На 26 септември, со почеток во 19.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“, една од најгледаните балетски претстави за најмладата публика.

Оваа бајковита балетска приказна, како што наведуваат од НОБ, ја прикажува вечната борба меѓу доброто и злото, во која доброто, како и секогаш, победува. Преку музиката, танцот и сценската визуелност, „Доктор Офболи“ ја раскажува приказната за добрината, храброста и пожртвуваноста, низ низа возбудливи и динамични сцени.

Претставата е создадена според сказната на рускиот писател К. Чуковски, со музика на Игор Морозов. Кореографијата е на познатиот руски балет-мајстор Михаил Крапивин, додека сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.

Реклама

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои преку танцот ја оживуваат приказната за добриот доктор Офболи и неговите авантури. Со својата динамична кореографија, впечатлива сценографија, живописни костими и музика, претставата создава бајковит сценски свет и го доближува балетот до најмладите, наведуваат од Националната опера и балет.