Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Ако ескалира ситуацијата со цената на горивата, Владата ќе ги преземе сите мерки за да го ублажи ризикот

Ако ескалира ситуацијата со цената на горивата, Владата ќе ги преземе сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако ескалира ситуацијата со цената на горивата, Владата ќе ги преземе сите мерки за да го ублажи ризикот кон граѓаните – рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Одговорајќи на новинарски прашања, Божиновска напомена дека ситуацијата внимателно се следи.

– Тоа што се случува е на светско ниво. Како што следиме сите, секаде цените се покачени. Значи, тоа е виша сила, војна врз која ние не можеме да влијаеме. Минатата недела имавме вонредна онлајн-седница на Влада и откако почна сè, уште од март, направивме и акциза и намалување на ДДВ-то и со „Окта“ договоривме попуст. Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму. Ние секако сме за заштита на стандардот на граѓаните, меѓутоа ќе мора да разгледаме кои се и фискалните импликации врз буџетот. Ќе знаеме набргу – истакна Божиновска на прес-конференција.

Реклама

Таа потврди дека во моментот има само една мерка.

– Да, намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти. Како што знаете, може да има и други намалувања. Тоа постои како мерка, Министерството за финансии ги прави фискалните мерки и ги донесува заедно на Влада – потенцира министерката.

Владата, информира, засега не преговара повторно со „Окта“ за попуст.

– Не сме почнале, меѓутоа ако ситуацијата ескалира и понатаму, ќе ги преземеме сите мерки за да го ублажиме ризикот кон граѓаните – рече министерката Божиновска.