Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Една вечер, два гласа и завет: Ана и Игор Дурловски на 6 декември со свој најголем концерт досега во Македонија

Најголемиот концерт досега на едни од најголеми оперски гласови кои Македонија му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најголемиот концерт досега на едни од најголеми оперски гласови кои Македонија му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски, ќе се одржи на 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.

Ана и Игор Дурловски, придружувани од 100 македонски музичари од големиот симфониски оркестар „Ајга“ и нивните пријатели ќе приредат ексклузивна концертна вечер во која ќе се спојат безвременските теми од филмската музика, ремек-делата од оперскиот репертоар и богатството на македонското музичко наследство – сите во комплетно нови аранжмани.

Според најавата, низ двочасовниот концерт, Ана и Игор премиерно ќе презентираат дела преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а со музичка поддршка на 100 музичари под диригентската палка на диригентката Ана Спасовска. Ќе пропатуваме заедно низ светот на филмот, од Shallow, Parla piu’ piano и The Book of Love, до оперската класика Кармина Бурана, за повторно да ве вратат дома до легендарниот Тоде Новачевски и темата од Tрст виа Скопје, па на крај сите заедно да си спомнеме за “Дејгиди луди млади години”.

Реклама

-Една вечер, два гласа и ЗАВЕТ, кој овој брачен пар си го даде дека целото искуство собрано по светските сцени ќе се врати и ќе го претстави дома. Завет, дека македонскиот глас ќе се слушне насекаде низ светот. Завет за концерт кој доаѓа како круна на нивната 30 годишна работа и нивната љубов, еден кон друг и заедничката кон Македонија. За крајот на 2026-та еден е изборот, ЗАВЕТ – „од светот до изворот“. Настан што не се случува секој ден, светски спектакл со она што Македонија го има како најдобро, ЗАВЕТ со македонски уметници на македонско тло, наведуваат организаторите.

Картите се достапни во продажба преку MkTickets и нивната продажна мрежа.