ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од јавното градско претпријатие.
-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот- порачуваат од ЈП ПОЦ.

