Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Хуманитарна акција за МДА-Македонија: Граѓаните донираа купувајќи ја книгата „Дремка за двајца“ од Братислав Димитров

Хуманитарен настан за поддршка на „Мускулна дистрофија асоцијација – Македонија“ (МДА-Македонија) се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хуманитарен настан за поддршка на „Мускулна дистрофија асоцијација – Македонија“ (МДА-Македонија) се одржа денеска во „Бифе Тафталиџе“ во Скопје, каде граѓаните имаа можност преку донации и купување примерок од најновата книга на драмскиот писател и колумнист Братислав Димитров, „Дремка за двајца“, да придонесат за обезбедување поддршка за децата и лицата што живеат со мускулна дистрофија.

Татјана Димовска Атанасова, пријател на здружението МДА, истакна дека целта на иницијативата не е само еднократно собирање средства, туку и поттикнување на хуманост, емпатија и поголема свесност за предизвиците со кои се соочуваат овие лица.

– Нашата идеја не е само еднократно да собираме средства и да ги донираме, туку и да поттикнеме хуманост, емпатија и поголема свесност и грижа за овие лица кои навистина се во незавидна состојба. Дополнително, септември е месец за подигање на свеста за оваа состојба, која погодува многу семејства во нашата држава – рече Димовска Атанасова.

Реклама

Таа потсети дека е отворена и телефонската линија 143-143 преку која во наредните два месеца граѓаните ќе можат да донираат средства.

– Средствата ќе бидат наменети за обезбедување на потребната поддршка за членовите на здружението – децата и лицата со оваа здравствена состојба, за да им се олесни животот, било да станува збор за здравствена, логистичка или друга помош – додаде таа.

Авторот на книгата, Братислав Димитров, изрази надеж дека настанот ќе поттикне и други да се вклучат во вакви иницијативи.

– Се надевам дека ќе предизвикаме инспирација и кај другите, кои се многу помоќни од нас во секој поглед. Зашто земја, држава што не се грижи за своите деца – навистина нема никаква иднина. Децата се нашата иднина и најдобрите жители на оваа планета – изјави Димитров.

Осврнувајќи се на фактот што токму неговата книга е дел од хуманитарната акција, тој рече дека се надева дека читателите ќе ја прифатат пораката.

– Јас ги објавувам тие приказни на Фејсбук и имаат одличен одзив, многу читатели. Се надевам дека барем некои од тие читатели ќе ја прифатат нашата порака. Тоа е идејата – посочи писателот.

Сопственикот на „Бифе Тафталиџе“, Саша Шотаровски, порача дека поддршката за ранливите категории граѓани треба да биде системска.

– Суштината е да се помогне, да им се најдеме на луѓето, да бидеме луѓе. Наместо да трошиме пари на глупости, подобро е да вложиме во помош – но тоа да биде системски, не спорадично. Ако не ние, ќе направат и други, но мора да постои систем – додаде Шотаровски.

МДА-Македонија е здружение основано во 2019 година од родители на деца заболени од мускулна дистрофија, со цел подобрување на условите за живот, негата и инклузијата на лицата што живеат со оваа ретка болест.

„Дремка за двајца“ е шеста книга со колумни на Братислав Димитров, кој досега има објавено и повеќе драмски текстови, детски пиеси и театарски дела.