Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Историски ден за Македонците во Албанија. Резолуцијата на Македонското друштво Илинден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историски ден за Македонците во Албанија. Резолуцијата на Македонското друштво Илинден од Тирана која ја поднесе до Федералната унија на европски народи, е едногласно усвоена, а во неа покрај поголеми права за Македонците, се бара Пустец да биде преименуван во Преспа, но и гаранција општината да остане како посебна. За претседателот на македонското здружение, Никола Ѓурѓај, ова е значаен чекор во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура на Македонците во Албанија. Македонските здруженија сега очекуваат од албанските институции да го испочитуваат тоа што во Хелсинки беше изгласано од страна на сите делегати.

За Македонците ова резолуција е од поголемо значење, Историско би кажал)… Дека (резолуцијата  од страна на ФУЕН ќе биде доставена до сите албански и европски институции и во самото тежиште е тоа што резолуцијата беше прифатена од генералното собрание од сите делегати, а нашите точки во резолуцијата се од големо значење, бидејќи во албанија во моментот има територијална реформа. И со документот кога ќе биде пратено  од европските во албанските институции тоа ќе ни помогне и ќе биде аргумент повеќе за нас“, изјави Никола Ѓурѓај – претседател на македонско друштво Илинден Тирана.

Но, додека од Хелсинки стигнува поддршка за поголема заштита на правата на Македонците во Албанија, на терен, состојбата е поинаква. Македонските здруженија обвинуваат дека Бугарија преку активности претставени како хуманитарни се обидува да влијае врз националното определување на Македонците во Албанија. На 11 и 12 септември Бугарија испрати медицинска екипа од Софија со воен транспортен авион во која бугарски лекари вршеле бесплатни медицински прегледи во државната амбуланта во Пустец. Медицинскиот персонал во Пустец првично не сакал да ги прими бугарските претставници, но под притисок од Регионалниот медицински центар во Корча, бил принуден да им ги отстапи просториите. Според Ѓурѓај ваквите настани се случуваат континуирано и не само во Преспа, туку и во Голо Брдо и Гора. Според него бугарските политичари со помош на корумпираните алабански колеги го користат здравјето на Македонците за остварување на политички цели, односно асимилација на Македонците во Албанија. 

Реклама

„Значи тоа е во континуитет, од Бугарија одат и во Преспа и голо брдо и Гора. Тоа е еден вид на измама играјќи си со  здравјето на луѓето прават политика, ќе видиме дека намерата е многу поголема. Ќе видите дека во таа акција се вклучени некои 20 институции од Бугарија од Министерство за одбрана, здравство  институти, тоа е проблематично се случува во инстиуции во Албанија со помош на корумпирани локални со помош на власите и тоа е загрижувачка политика што ја спроведуваат“, изјави Никола Ѓурѓај – претседател на македонско друштво Илинден Тирана.

И додека македонските здруженија во Албанија сметаат дека ваквите активности имаат политички мотиви и се обиди за влијание врз националното определување на Македонците, за бугарските власти ова е обична медицинска акција за помош за локалното население.