Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Со првата Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со првата Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен, вчера во Салцбург во присуство на бројни верници, свечено беше означено основањето на новата македонска православна црковна општина, која ќе функционира во рамките на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Новата македонска православна црковна општина во Салцбург ќе го носи името „Св. Архангел Михаил“, како свој духовен покровител и заштитник.

По Виена, Линц и Филах, ова е четврта македонска црковна општина во Австрија.

Реклама

– Ова е историски и духовен почеток за македонската православна заедница во Салцбург. Новата црковна општина ќе биде место на молитва, љубов и заедништво, како и простор во кој македонските семејства ќе можат да го негуваат православното предание, македонскиот јазик и духовната поврзаност со Македонската православна црква. Во празничната радост по повод празникот Рождеството на Пресвета Богородица, во Салцбург започна нова страница од црковниот живот на македонските православни верници, се вели во објавата на Фејсбук страницата на Европската епархија.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: