Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Приказната за Силјан“ и детскиот филм „Клинци Каубојци“, вечерва на „Кино на отворено“ во Кисела Вода

Во паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода вечерва во 19 часот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода вечерва во 19 часот во рамки на „Кино на отворено“ ќе се одржи проекција на детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, кој е синхронизиран на македонски јазик.

Веднаш по него, во 20:35 часот, публиката ќе може да го погледне македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и е добитник на Наградата на Музата на Биеналето во Венеција.

Од Општина Кисела Вода информираат дека Филмскиот викенд продолжува и утре. Неделната програма исто така стартува во 19:00 часот со детскиот анимиран филм „Таинствената шума“. Од 20:25 часот следува проекција на култниот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, филм кој има освоено над 30 меѓународни награди, вклучувајќи го „Златниот лав“ во Венеција и номинацијата за Оскар во 1995 година.

Реклама

Проекциите се бесплатни и одржуваат во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“.  Настанот се реализира во соработка со Кинотека на Република Македонија и „Киноверзум“.