Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Македонско архитектонско студио го претстави својот урбанистички концепт за развој на Бенгази во Либија

Архитектонското студио „Superblock Studio“ од Скопје учествуваше на меѓународна урбанистичка иницијатива во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Архитектонското студио „Superblock Studio“ од Скопје учествуваше на меѓународна урбанистичка иницијатива во Бенгази, Либија, организирана од Фондот за развој и реконструкција на Либија (FDRL), каде беа претставени визии и концепти за идниот урбан развој на градот.

Како што соопштија од студиото, на настанот учествувале повеќе меѓународно афирмирани архитектонски и урбанистички практики, а македонскиот тим го презентирал својот урбанистички предлог за идниот развој на Бенгази кој добил одличен прием кај комисијата.

-Позитивното мислење кај присутната заедница отвори можности за многу идни соработки помеѓу нашата држава и Либија, оценуваат од „Superblock Studio“.

Реклама

Во рамки на програмата, професорот Иван Мирковски, главен архитект во „Superblock Studio“, одржал предавање на тема „Од урбана обнова до градот на иднината: повторно осмислување на Бенгази“, посветено на современите пристапи во урбаното планирање, обновата на градските средини и одржливиот развој.

Покрај презентациите и стручните дискусии, во рамки на Б2Б програмата биле одржани средби со претставници на институции, универзитети, урбанистички организации и градежни компании од Либија и од регионот.

Од студиото оценуваат дека учеството на ваков меѓународен настан претставува можност за промоција на македонската архитектонска и урбанистичка практика и за воспоставување нови професионални контакти и потенцијални соработки на меѓународно ниво.