Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Македонија

Двојазичната збирка „Раскинување на договорот“ на Сотирис Минас претставена во Скопје

Во книжарницата на „Матица македонска“ денеска во Скопје беше промовирана поетската збирка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во книжарницата на „Матица македонска“ денеска во Скопје беше промовирана поетската збирка „Раскинување на договорот“ од грчкиот поет Сотирис Минас, двојазично издание на грчки и македонски јазик, објавено по иницијатива на поетот и издавач Раде Силјан, кој е и главен уредник на книгата.

Отворајќи го настанот, Силјан посочи дека изданието претставува значаен книжевен и културен чин што ги поврзува двата народа преку поезијата и јазикот.

– Особено ме радува што македонските читатели добиваат можност да се сретнат со поезијата на Сотирис Минас токму во двојазично издание, во кое рамноправно живеат грчкиот оригинал и македонскиот препев – истакна Силјан, стои во соопштението од Матица Македонска.

Реклама

Станува збор за прва поетска збирка на Минас објавена во Македонија, во која покрај грчките оригинали се вклучени и македонски препеви направени од самиот автор. Во авторската белешка, Минас наведува дека одлуката книгата да биде објавена во Македонија е „свесен чин на правда“, а двојазичното издание го определува како практично признавање на македонскиот идентитет и чин на солидарност.

Обраќајќи се пред публиката, авторот рече дека во историјата и борбата на македонскиот народ препознал дел од своето лично искуство.

– Кога ја проучував историјата на македонскиот народ и на овој регион, во нивната борба ја препознав мојата сопствена борба – рече Минас, додавајќи дека учењето на македонскиот јазик за него претставува „свесен, политички и хуманистички чин“.

За книгата говореше писателот и книжевен критичар Иван Антоновски, кој ја истакна симболиката на изданието и поддршката што Минас ја покажува кон македонскиот јазик и култура.

– Нашиот јазик не чека туѓа потврда за да постои – нагласи Антоновски, оценувајќи дека книгата покажува оти ниту еден јазик не мора да исчезне за другиот да биде слушнат и разбран.

„Раскинување на договорот“ обработува теми поврзани со слободата на изразување, правото на сопствен јазик, љубовта, ранливоста и отпорот кон стравот и замолчувањето.