Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Промоција на „Раскинување на договорот“ од Сотирис Минас со учество на авторот

Во книжарницата на „Матица“ во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Раскинување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во книжарницата на „Матица“ во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Раскинување на договорот“ со лично учество на Сотирис Минас, грчкиот поет кој својата одлука првата стихозбирка да ја објави во Македонија ја нарече „свесен чин на правда“.

-Зад тие зборови стои јасен став: признавањето на македонскиот јазик и идентитет е основа за заемна почит. Минас го потврдува и со сопственото творештво. Сам го научил македонскиот и на него ги препеал своите песни. Изданието на „Матица македонска“ ги носи грчкиот и македонскиот текст еден до друг, вели издавачот.

Во „Раскинување на договорот“, љубовта и болката се испреплетуваат со решеноста човек да се ослободи од туѓите очекувања. Овие песни му се обраќаат на секој што некогаш почувствувал дека за да биде прифатен, мора да се откаже од дел од себе. За книгата ќе говори писателот и книжевен критичар Иван Антоновски.

Реклама

Минас пријателството со Македонија го продолжува и со преведувачката работа: македонски автори им стануваат достапни на грчките читатели, а грчката книжевност ѝ се доближува на македонската публика. Тоа е посветеност што остава книги зад себе.