Општинската организација на Црвениот крст од Карпош
во соработка со Зоолошка градина Скопје организира крводарителска акција што ќе се одржи денеска во Едукативниот центар на ЗОО Скопје.
Акцијата ќе се одвива во периодот од 11 до 18 часот, а целта е да се поттикне хуманоста и солидарноста меѓу граѓаните и да се даде придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв.
– Сите полнолетни граѓани на возраст од 18 до 65 години, кои се во добра општа здравствена состојба, се поканети да се приклучат на акцијата и со својата хуманост да помогнат во спасување човечки животи, велат организаторите.

