Движењето „ЗНАМ“ кое е дел од владината коалиција денеска ќе даде отчет за сработеното во изминатите две години.
На отчетот насловен „Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија“ ќе бидат присутни избраните и именувани функционери од ЗНАМ.
Според агендата, најавено е обраќање на лидерот на партијата Максим Димитриески.
По овој настан, од ЗНАМ најавуваат серија панел-дискусии, што ќе се одржуваат секој викенд до крајот на годината во 14 градови во државата.
На овие 14 панели, избраните и именуваните функционери на ЗНАМ ќе ги презентираат резултатите од работата на институциите со кои раководат.
– Ќе зборуваме за реализираното, за реформите, за инвестициите, за институционалните промени, за конкретните политики и за конкретните резултати. Но, што е уште поважно – ќе разговараме директно со граѓаните. Ќе ги слушаме нивните прашања, нивните критики, нивните предлози и нивните очекувања. За нас отчетот не значи само да кажеш што си направил. Отчет значи да застанеш пред граѓаните и да одговориш зошто си го направил тоа, што е постигнато и што допрва треба да се направи, велат од ЗНАМ.

