Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Повеќе од 2 900 танчери од 26 земји на Европското првенство во танц од 21 до 29 септември во Скопје 

Скопје и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 21 до 29 септември 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 21 до 29 септември 2026 година ќе бидат домаќини на Европското првенство во танц – IDO European Dance Championship 2026 – настан на кој ќе учествуваат над 2 900 танчери од 26 земји.

Организаторот на првенството, Трајче Петковски од танцовото студио „Брејк а лег“, на денешната прес-конференција, истакна дека организирањето на настан од ваков ранг е резултат на долгогодишна макотрпна работа на целата танцова заедница, децата и родителите.

-Скопје и СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат центар на танцовите збиднувања во 2026 година. Нашата цел е децата да просперираат и да се надградуваат, но и да ги донесеме странските учесници во Македонија за да ги покажеме нашиот квалитет, култура, гостопримство и традиција. Со поддршка на целокупниот тим и техничките партнери, сала „Борис Трајковски“ ќе ја претвориме од спортска арена во прекрасно театарско и танцово доживување – изјави Петковски.

Реклама

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Даниел Апостоловски, потврди дека сите технички и просторни услови за одржување на првенството се целосно обезбедени.

-Како домаќини на овој престижен настан ги обезбедивме сите потребни услови за учесниците и за целосната организација – од климатизирани сали до деноноќна техничка поддршка. Чест ни е што Скопје и нашиот центар повторно ќе бидат домаќини на ваков гламурозен настан од светски ранг – изјави Апостоловски.

Европското првенство во танц, како што е најавено, ќе понуди богата натпреварувачка програма во повеќе танцови дисциплини и категории.