Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ТАВ Македонија го укина ограничувањето за бесплатен влез во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје

ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје во период од 24 часа, информираат од компанијата.

-Во согласност со својата посветеност кон обезбедување најдобро можно искуство за патниците и посетителите, ТАВ Македонија одлучи дека, сè до имплементацијата на потребната придружна инфраструктура, зоната Hug & Fly на МеѓународниотаАеродром Скопје, засега, ќе продолжи да функционира без промени во досегашните услови и правила за користење, велат од ТАВ Македонија и додаваат дека континуирано ги следат потребите на корисниците и текот на аеродромските операции, со цел да се обезбеди безбеден, ефикасен и едноставен пристап до терминалната зграда за сите патници и посетители.

Нагласуваат дека зоната Hug & Fly останува достапна за бесплатно кратко застанување до 10 минути за оставање и земање патници.

Реклама

Одлуката за ограничување на бесплатниот влез во зоната „Hug & Fly“ е повлечена откако Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата  во рамки на анализата на условите и режимот за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје, од ТАВ Македонија побарала дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното ограничување на бесплатниот пристап.