Заврши реконструкцијата на дел од патниот правец Отовица-Сојаклари, во должина од 1,1 километар каде што веќе се постави вториот, завршен асфалтен слој на патот.
Како што најави градоначалникот на општина Велес Марко Колев, во следните денови асфалтирањето ќе продолжи и на преостанатиот дел од 2,8 километри, со што ќе заврши реконструкцијата на овој патен правец со вкупна должина од 3,9 километри.

-Со тоа создаваме подобри услови за живот на месното население, во овој реон, но и за сите посетители, со оглед на близината на рекреативниот центар езеро „Младост“, потенцира Колев.
Општина Велес средствата за реконструкција ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт.

