Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во кочанската населба Оризари едукативно предавање – Безбедно движење – заедничка грижа на сите!“

По повод Европската недела на мобилност, во салата на ООУ „Крсте Петков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Европската недела на мобилност, во салата на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во кочанската населба Оризари денеска се одржа едукативно предавање посветено на безбедноста во сообраќајот, под мотото „Безбедно движење – заедничка грижа на сите!“.

Предавачи беа претставници од Полициската станица Кочани, кои пред учениците и родителите говореа за правилата и законските прописи кои треба да се почитуваат за поголема безбедност во сообраќајот.

На предавањето беше посветено внимание на безбедното управување со велосипеди и електрични тротинети, правилното и безбедно преминување на пешачки премин, како и на одговорното однесување на сите учесници во сообраќајот.

Реклама

Во активноста учествуваа ученици од прво до деветто одделение, заедно со нивните родители. Учениците, пак, подготвија и драматизации преку кои на креативен начин ги претставија опасностите и правилното однесување во сообраќајот.

Особено значајно беше тоа што учениците имаа можност отворено да ги споделат и проблемите со кои секојдневно се соочуваат како пешаци и велосипедисти, како и своите размислувања за тоа што може да се направи за нивно поголемо безбедно движење.

Од училиштето посочуваат дека ваквите активности имаат големо значење за подигнување на сообраќајната култура кај најмладите, а соработката меѓу училиштето и Полициската станица Кочани продолжува и во иднина, преку нови едукативни и превентивни активности.