Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Ристовски: Инвестираме во спортска инфраструктура која ќе им овозможи на младите подобри услови за спорт

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска извршија увид во градежните работи за изградба на новото мултифункционално спортско игралиште во состав на ООУ „Владо Тасевски“ во Карпош. Изградбата на игралиштето е во тек и се реализира преку инвестиција на Министерството за спорт, во соработка со Општина Карпош.

По завршувањето на градежните работи, учениците и младите ќе добијат современ и безбеден спортски простор наменет за фудбал, кошарка и ракомет. Игралиштето ќе располага со трибина, спортски реквизити и ќе биде оградено со заштитна ограда.

-Инвестициите во спортската инфраструктура значат создавање конкретни услови за младите да спортуваат, да напредуваат и да се развиваат. Во Карпош градиме нов спортски простор кој ќе биде достапен за учениците и младите, а со вакви проекти продолжуваме да ја менуваме спортската инфраструктура низ целата држава – истакна министерот Ристовски.

Реклама

Изградбата на ова спортско игралиште е дел од Програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, со која се реализираат проекти во општините низ целата држава.